Македонија

Премиерот Мицкоски го посети семејството на Гоцевски, возачот кој трагично загина

22.03.2025 15:03

Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој трагично почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“.

Премиерот Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој трагично почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“.

Изрази почит и благодарност за храброста и пожртвуваноста на Иле, која цела ноќ ја посветил на помагање на повредените превезувајќи ги со Брзата помош до болниците во земјава.

На својот фејсбук-профил, Мицкоски нагласи во време на национална тага, храброста и човечноста на луѓето, како Иле Гоцевски служат како инспирација и потсетник дека вистинските херои не носат оклопи, туку имаат срце исполнето со љубов и пожртвуваност