Трошоците за лекувањето покриени од државата
Во странство се лекуваат 116 повредени во пожарот во Кочани. Од идната недела се најавува враќање на оние кои ја надминале критичната фаза. Ќе следува процес на репатријација. Државата целосно ги покрива трошоците за лекувањето.

Трошоците за лекувањето во странство на 116-те пациенти повредени во пожарот во Кочани се покриени од државите домаќини. Трошоците за пат, сместување и за логистика за семејствата на пациентите се на товар на македонската Влада, објасни шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски.
Повредените се лекуваат во 14 европски држави. Од идната недела се очекува и нивно постепено враќање дома.
Во овие тешки моменти, нема да дозволиме најпогодените граѓани да се грижат за што било, истакна шефот на дипломатијата Муцунски, додавајќи дека Владата ги резервира хотелите, ги купува авионските карти, ги плаќа трошоците за телефон и обезбедува дневници за тековни трошоци. Овие граѓани се во постојана комуникација со македонските амбасади, коишто им обезбедуваат логистичка поддршка, превод и комуникација со болниците, истакна шефот на дипломатијата.
Министерот Муцунски досега ги посети повредените и нивните семејства во Белград, Софија, Солун, Виена, Љубљана и Загреб, а утре ќе замине за Будимпешта. Тој воедно се заблагодари и за големата солидарност што европските држави ја покажаа кон Македонија во справувањето со оваа катастрофа.
Марија Котовска
