кризен штаб

Подготовки на медицинските протоколи за враќање на пациентите од странство

22.03.2025 17:02

Се подготвуваат медицинските протоколи за враќање на пациентите кои се со подобрена состојба а се лекуваат во странски центри. Од следната недела ќе стартува и исплатата на дел од парите кои се собрани во форма на донации за настраданите во пожарот во Кочани.

Матичните доктори добија инструкции за лекување на повредените од пожарот, но и насоки за издавање на боледувањата. Кризниот штаб им дал препораки за постапување во пост-болничкиот третман за да се превенираат инфекции кои може да им ја влошат состојбата на пациентите.

И додека едни закрепнуваат во земјава, други се борат за живот во странство. Државата го активираше логистичкиот апарат за да обезбеди трансфер на семејствата до дестинацијата каде што им се децата.

Од понеделник пристигнува и итната финансиска помош за семејствата на настраданите. Ќе добијат по 150 илјади денари.

Парите ќе се трансферираат преку Црвениот крст, кој обезбеди и средства за семејствата на починатите.

В понеделник треба да бидат готови и протоколите за враќање во земјава на првите пациенти од странство, кои се во добра здравствена состојба.

Анита Димитријевска - Велковска