фудбал

Македонија со победа против Лихтенштајн

22.03.2025 17:34

Македонија ја оправда фаворитската улога и славеше победа од 3:0 на гостувањето во Вадуц против Лихтенштајн...

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога и славеше победа од 3:0 на гостувањето во Вадуц против Лихтенштајн. Избраниците на Милевски ја имаа контролата над натпреварот од самиот почеток, а до водство стигнаа уште во седмата минута кога Александар Трајковски го отвори резултат по асистенцијата на Бојан Миовски.

Натпреварот помина во знакот на жртвите во трагедијата во Кочани, а публиката во 59. минута со аплауз симболично оддаде почит на загинатите.

Фудбалерите пред почетокот на натпреварот на загревањето излегоа со маици на кој беше испишано името на градот и датумот кога се случи трагедијата.