Солун

Во Солун шеесетминутен молк за жртвите во трагедијата

22.03.2025 17:54

Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес, темни црнила. Ова беа дел од пораките кои беа испишани на паролите на протестот...

Кочани, Солун е со тебе. Нивните профити или нашите животи?. Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес, темни црнила. Ова беа дел од пораките кои беа испишани на паролите на протестот што точно напладне се одржа на плоштадот „Аристотел“ во Солун, за оддавање почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Протестот го организираа Македонците кои живеат и студираат во Солун, со 60-минутен молк, по една минута за секоја жртва и уште една за возачот на Брзата помош. Солун е град каде се лекуваат дел од повредените во пожарот.