Да се објави целата документација за клубот „Пулс“, бара граѓанското движење
Движењето бара објавување на целата документација за работењето на клубот „Пулс“, со којашто располагаат Државниот пазарен инспекторат, Министерство за економија, Градежниот и Инспекторатот за урбанизам, МВР, Општина Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување и Управата за јавни приходи...

Граѓанско движење „Кој е следен?“, кое организира собири по трагедијата во Кочани, ги изложи барањата. Оттаму велат дека сите виновни треба да сносат одговорност, зашто земјава не смее да си дозволи уште еден трагичен настан без правна разрешница, и оти системот конечно треба да профункционира како што е пропишано.
Движењето бара објавување на целата документација за работењето на клубот пулс, со којашто располагаат Државниот пазарен инспекторат, Министерство за економија, Градежниот и Инспекторатот за урбанизам, МВР, Општина Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување и Управата за јавни приходи.
Оттаму велат дека одговорност треба да има и за сите кои се поврзани со пожарот во модуларната болница, за случајот „Онкологија“, автобуските несреќи со Дурмо Турс и Беса Транс.
