Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура е во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
УХМР информира дека под влијание на влажни воздушни маси од југ, од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60 км/час).
