Малезиски медиуми: Боингот е соборен од воен авион

07.08.2014 11:26

Според најновата верзија, леталото би можело да биде погодено од ракета воздух-воздух и истрели од 30-милиметарски авионски топ...

Малезиските медиуми објавија дека боингот на „Малезија Ерлајнс“ којшто се урна во источна Украина најверојатно бил соборен од воен авион.

Според најновата верзија, леталото би можело да биде погодено од ракета воздух-воздух и истрели од 30-милиметарски авионски топ.

Киев за несреќата ги обвини проруските активисти, коишто ги негираа обвинувањата, тврдејќи дека не поседуваат средства со коишто би можеле да соборуваат летала на таа висина.

Патничкиот авион боинг 777 којшто олеташе на реалција Амсетрдам – Куала Лумпур се урна на 17 јули во Доњецката област. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.