Турција

Ердоган: Опозицијата дека се обидува да создаде хаос

23.03.2025 09:33

Стотици се собраа пред Градското собрание на Истанбул и пред судот каде што приведениот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу се соочи со дополнително сослушување поради наводите за корупција и врски со тероризам...

Турскиот претседател Ердоган ја обвини опозицијата дека се обидува да создаде „атмосфера на тензија и хаос“ во различни градови низ земјата. Во меѓувреме, стотици се собраа пред Градското собрание на Истанбул и пред судот каде што приведениот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу се соочи со дополнително сослушување поради наводите за корупција и врски со тероризам. Неговото апсење ги интензивираше политичките тензии и предизвика широки протести низ Турција.

Полицијата и демонстрантите се судрија за време на четвртиот ден од демонстрациите. Претходно 53-годишниот градоначалник ги осуди обвинувањата против него како „неморални и неосновани“. Веста за апсењето на градоначалникот силно и наштети на лирата и предизвика хаос на турските финансиски пазари. Од почетокот на протестите полицијата уапси 343 лица.

„Верувам дека деновите на излегување на улица, земање левичарски организации, екстремисти и вандали и загрозување на националната волја сега се зад нас. деновите кога политиката и правдата беа насочени преку уличен терор сега се целосно минато, заедно со старата Турција.“, изјави Реџеп Тајип Ердоган - претседател на Турција.

„Ги повикувам сите наши граѓани кои сакаат единство и солидарност на Турција, кои не сакаат хаос, кои не сакаат одвојување, кои сакаат демократија, кои не сакаат авторитаризам, без разлика на која партија припаѓаат, да закачат знамиња во своите домови и утре да трчаат до гласачките кутии, поддржувајќи го споменот на Ататурк, кој нè обедини со неговата ѕвезда и со нашиот црвенкост. Вашето знаме, трчајте до гласачката кутија, гласајте и влезете во историјата“, изјави Озгур Озел -лидер на Републиканската народна партија (ЦХП).