САД
Виткоф: Украина не може да биде членка на НАТО
23.03.2025 12:21
Во однос на прашањето за потенцијален влез на Украина во НАТО, на што Русија е противи, Виткоф рече дека доколку постои мировен договор Украина не може да биде дел од Алијансата...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Стив Виткоф, изјави дека Украина се согласила да ги организира претседателските избори.
Американскиот претседател во последните недели се повеќе врши притисок врз Украина да распише избори, иако тоа е забрането во услови на воена состојба.
Во однос на прашањето за потенцијален влез на Украина во НАТО, на што Русија е противи, Виткоф рече дека доколку постои мировен договор Украина не може да биде дел од Алијансата, но дека може да добие безбедносни гаранции слични на тие што ги уживаат членките на НАТО.
