Психолошката помош е неопходна, советуваат стручните лица
Мора што побрзо да се даде психолошката помош, особено на семејствата кои ги загубиле најблиските, но и на преживеаните. Посебно младите кои ја почувствуваа траумата од оваа колективна трагедија, вели психологот Ана Алексоска. Предлози има и за директна психолошка помош додека повредените се лекуваат во странство...

Мора што побрзо да се лекува траумата од оваа тешка индивидуална и колективна трагедија. Процесот е долгорочен за да се дојде до некакво зацелување, вели психологот Ана Алексоска.
Најтешко е за семејствата кои ги загубија најмилите. Итна поддршка од институциите, од социолозите, најмногу психолозите кои веќе ја нудат својата помош. Различна е колективната од личната траума, а и пристапот кон лекувањето на душата.
Помошта е битна за младите, особено од Кочани каде имаме генерациски загуби. Итно е и психолошкото заздравување и на сите што се лекуваат. Има и конкретни предлози да им се помогне на пациентите директно во земјите каде се лекуваат.
И психолошкото заздравување е болен процес.
Елизабета Митреска
