Израел го нападна Либан
Израелската војска истрелала повеќе ракети кон команден центар на Хезболах и милиција поддржана од Иран....

Израел го нападна Либан со повеќе воздушни напади откако неколку ракети биле истрелани од либанска страна кон Израел, во најголемиот судир од ноември откако двете земји беа во примирје. Израелската војска истрелала повеќе ракети кон команден центар на Хезболах и милиција поддржана од Иран.
7 лица меѓу кои и едно дете биле убиени, а 40-ина повредени. Привремените сили на ОН во Либан ги повикаа сите страни да избегнат загрозување на постигнатиот напредок, особено кога се во опасност животите на цивилите. Во израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа е убиен политичкиот лидер на Хамас Салах ал-Бардавел.
„Во 01:00 часот, проектил го гаѓаше кампот во кој се сместени раселените луѓе и деца. шрапнелите ги уништија нашите шатори и видовме остатоци од деца“, рече очевидец.
„Слушнавме многу силна експлозија. Нашите шатори беа уништени. Излеговме да видиме што се случило откако се расчистија урнатините и видовме луѓе како лежат овде, жени и негови маченици“.
