Безбедност

Зголемен интерес за противпожарни апарати

23.03.2025 17:50

По трагедијата во ноќниот клуб во Кочани при што животот го изгубија педесет и девет лица, во Охрид и околните градови владее огромен интерес за набавка и сервисирање на противпожарни апарати. Особено за тоа се заинтересирани угостителските објекти, но и куќните совети во станбените згради. Само во изминатата недела набавката и сервисирањето на апаратите во единствениот овластен сервис во Охрид е зголемена за околу осумдесет проценти...

По трагедијата во ноќниот клуб во Кочани енормно се зголеми интересот за сервисирање и купување на противпожарни апарати во градовите од Југозападниот дел на Македонија.

Според информациите на единствениот овластен сервис во Охрид за сервисирање и продажба на противпожарни апарати и опрема во изминатата недела обемот на нивната работа е зголемен дури за 80 проценти, а најголем интерес има од фирмите од угостителскиот сектор.

„На 50 метри квадратни следува еден противпожарен апарат, зависи од противпожарното оптоварување на самиот објект. Значи имаме ниско, средно и високо оптоварување.1,40/2,43-Ретко ги сервисираат, ние им укажуваме на тие работи дека треба да се сервисираат, затоа што следува годишен сервис на тие противпожарни апарати што ги поседуваат. И законска обврска е, не мислиме дека тоа не е законска обврска. Не, тоа е законска обврска на секое правно лице“, изјави Антонио Здравески-сопственик на Сервис за одржување и продажба на противпожарни апарати

Проблем е и тоа што при самата продажба на противпожарните апарати иако им се нуди дел од купувачите не се заинтересирани за соодветна обука при нивното користење.

„Поголемите фирми, значи се одржуваат обуки каде што самите тие во самиот план зацртуваат кога треба да се оди на обука, ние одиме на самото место. Значи правиме самите обуки како се користат тие противпожарни апарати“, изјави Антонио Здравески-сопственик на Сервис за одржување и продажба на противпожарни апарати.

Од сервисите за противпожарни апарати очекуваат зголемување на интересот за нивните услуги, бидејќи деновиве владее зголемен интерес покрај од угостителските фирми и од куќните совети на станбените згради.

Сашо Нелоски