Повлечени спорните производи со листерија
Производството е запрено во месната индустрија, земени се мостри од суровините...

Спорните производи на месната индустрија Екстра меин, за кои Минситерството за здравство информира дека е детектирано присуство на листерија, вчера се повлечени од пазарот.
Производството е запрено во месната индустрија, земени се мостри од суровините, работните површини, машините и од сите оние делови каде што евентуално може да се најде листерија за да се изврши споредувње со изолатите земени од заболените лица.
Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува на граѓаните да не го консумираат производот сецкан свински врат од лотовите 07632 и 07633, со рок на употреба 21.07.2014 до 04.09.2014 година.
Од Агенцијата информира дека врз основа на добиените резултати, кои се во насока за детектирање на изворот на листерија, од страна на надлежните институции се вршат дополнителни испитувања.
