Руско - украински конфликт

Усмеров разговорите во Саудиска Арабија ги оцени како продуктивни и фокусирани

24.03.2025 08:48

По разговорите со Украина, американскиот тим во Џеда преговара со Русија. Целта на Вашингтон е да постигне итен делумен мир проследен со сеопфатен мировен договор...

По разговорите со Украина, американскиот тим во Џеда преговара со Русија. Целта на Вашингтон е да постигне итен делумен мир проследен со сеопфатен мировен договор. Украинскиот министер за одбрана Усмеров разговорите во Саудиска Арабија ги оцени како продуктивни и фокусирани.

„Се осврнавме на клучните точки, вклучително и енергијата. Целта на претседателот Зеленски е да обезбеди праведен и траен мир за нашата земја и нашиот народ – и, како проширување, за цела Европа. Работиме да ја оствариме таа цел“, напиша Усмеров на социјалните мрежи.

Специјалниот пратеник на Трамп, Виткоф претходно изрази оптимизам за денешните преговори со Русија истакнувајќи дека Путин сака мир. Од Кремљ пак, потенцираа дека се на самиот почеток од овој пат.

Зеленски претходно го повика светот да изврши поголем притисок врз Москва откако руските напади продолжија и покрај тоа што Путин се согласи да ги паузира нападите врз енергетската инфраструктура во Украина.