Во израелски напад на југот од Газа убиен политички лидер на Хамас
Израелските сили ја нападнаа болницата Насер на југот од Газа, при што загинаа најмалку две лица, меѓу кои и политичкиот лидерот на Хамас, Исмаил Бархум...

Израелските сили ја нападнаа болницата Насер на југот од Газа, при што загинаа најмалку две лица, меѓу кои и политичкиот лидерот на Хамас, Исмаил Бархум. Неговото убиство доаѓа неколку часа откако израелските сили ликвидираа уште еден член на политичкото биро и на палестинскиот парламент.
„Она што го знаеме е дека зградата на хирургијата беше бомбардирана, и како што можете да видите, има повредени меѓу персоналот“, изјави д-р Мохамед Сакр, одговорен за медицинските сестри во болницата Насер.
Израел минатата недела почна нов бран воздушни напади, обвинувајќи го Хамас дека не се придржува до договорот за ослободување на заложниците. Во истовреме, во американски воздушни напади врз две области во Јемен, вклучително и густо населена населба во главниот град Сана, загина најмалку едно лице, а 15 други се ранети.
