Турција

Судир на демонстранти со полицијата во Истанбул

24.03.2025 09:02

Хаос во Турција откако продолжија протестите на приврзаниците на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Демонстрантите се судрија со силите на редот за време на протестот пред Градското собрание на Истанбул...

Хаос во Турција откако продолжија протестите на приврзаниците на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу-главниот политички опонент на претседателот Ердоган, кој беше уапсен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, само неколку дена пред да биде именуван за претседателски кандидат за изборите во 2028 година.

Демонстрантите се судрија со силите на редот за време на протестот пред Градското собрание на Истанбул, по што полицијата употреби солзавец и водени топови да ја растури толпата.

Ердоган ги критикуваше протестите и ја обвини главната опозициска сила дека се обидува да го наруши мирот.