Канадскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори, бара силен мандат
Новиот канадски премиер Марк Карни распиша предвремени избори за 28-ми април, во позадина на трговската војна и решителниот став за анексија од Трамп...

Новиот канадски премиер Марк Карни распиша предвремени избори за 28-ми април, во позадина на трговската војна и решителниот став за анексија од Трамп. Тој истакна дека му е потребен силен мандат за да се соочи со заканите на Вашингтон.
„Се соочуваме со најголемата криза во нашиот живот поради нефер трговските потези на претседателот Трамп и неговите закани за нашиот суверенитет. Затоа барам цврст позитивен мандат од моите сограѓани. Побарав од генералната гувернерка да го распушти парламентот и да распише избори за 28-ми април, и таа се согласи“, изјави канадскиот премиер, Марк Карни.
Редовните избори беа предвидени да се одржат до 20-ти октомври годинава, но ненадејното закрепнување на Либералната партија на Карни го охрабри да ја зацврсти својата позиција откако неодамнешните анкети укажаа на голема предност на либералите пред конзервативните конкуренти.
