Русија забрани увоз на храна од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка
07.08.2014 12:44
Oваа забрана за увоз на прехрамбени производи во Русија не се однесува на Јапонија...

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска соопшти дека неговата Влада воведува целосна забрана за увоз на зеленчук, месо, риба, млеко и млечни производи од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка.
Забраната стапува во сила од денеска и има важност од една година, додаде Медведев.
Oваа забрана за увоз на прехрамбени производи во Русија не се однесува на Јапонија.
Денешната владина одлука следи по вчерашниот указ на рускиот претседател Владимир Путин за „примена на одделните специјални економски мерки за гарантирање на безбедноста на Руската Федерација“, како одговор на санкциите што западните змеји ги воведоа кон Русија поради нејзината улога во украинската криза.
