Зголемен бројот на заразени од ХИВ/СИДА во Македонија
Tрансмисијата на ХИВ во 18 случаеви е преку контакт на машко со машко лице, кај шест лица е преку хетеросексуален начин, а кај две е непознат начинот на трансмисија...

26 нови случаи на СИДА се откриени во Македонија за само седум месеци. Од нив 10 граѓани се болни, а 16 се ХИВ позитивни. Бројката достигна 223 лица. Најголем дел од заразените се во хомосексуална врска.
Ова денеска на прес-конференција го кажа началникот на одделението за ХИВ/СИДА Жарко Караџовски каде нагласи дека трансмисијата на ХИВ во 18 случаеви е преку контакт на машко со машко лице, кај шест лица е преку хетеросексуален начин, а кај две е непознат начинот на трансмисија.
„Структурата по пол на лицата со ХИВ и сида во 2014 година е 25 машки и едно женско лице. Едно лице е под 19 години, 12 лица се од 20 до 29 години, десет лица се од 30 до 39 години, две лица се од 40 до 49 години и едно лице е над 60 години“, истакна Караџовски.
Додаде дека сидата во светски рамки според бројот на заболени помеѓу машки и женски лица изнесува 50 наспроти 50 проценти, а во Македонија е 95 отсто машки наспроти 5 проценти од женски пол.
