Двајца починати и еден повреден во скопско Волково
Денеска околу 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени.

Две лица починале, а еден малолетник е повреден во инцидент што утринава се случи во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Денеска околу 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.
