Дали ЕУ ќе остане без Комесар за проширување?!
Кои ќе бидат новите еврокомесари ќе биде познато на 30-ти август...

Според неофицијални информации од Брисел, нема да има Еврокомесар за проширување зошто проширувањето нема да биде приоритет на новиот состав на Европската комисија до 2019-та година. Овие неофицијални информации се потврдуваат и со фактот што ниту еден Европеец не се кандидираше на местото на досегашниот еврокомесар за проширување, Штефан Филе.
Сепак главната одлука дали ќе има нов еврокомесар за проширување ќе се носи на 28-ми август во Берлин на конференцијата посветена на Западниот Балкан иницирана од германската канцеларка Ангела Меркел.
Берлинската конференција најмногу ќе се фокусира на економијата. Во политичкиот дел ќе биде разгледано до каде е стигната со Евроинтеграцијата секоја од земјите кандидати.
Неминовно за Македонија ќе стане збор и за спорот со името што е кочница Македонија да започне преговори со ЕУ.
