истрага

Распит на речиси 300 сведоци

24.03.2025 13:17

Многу работи се решија од оваа Влада и за многу работи оваа влада беше браник. Тоа е проблем за политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен преку овие протести“ – вели премиерот Христијан Мицкоски...

„Сите ние сме незадоволни, и тука не треба да имаме дилема, работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи се решија од оваа Влада и за многу работи оваа влада беше браник. Тоа е проблем за политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен преку овие протести“ – вели премиерот Христијан Мицкоски.
Се разгледува акционен план за прогласување мораториум со кој ќе бидат разгледувани лиценци и дозволи. 

Истрагата за трагичниот пожар во Кочани се проширува со ангажирање на вкупно 11 јавни обвинители, кои интензивно работат на утврдување на причините и можната одговорност за несреќата, информираат од ОЈО.

Според планот на активностите, обвинителството најави распит на повеќе од 300 сведоци, како и спроведување на соодветни вештачења од повеќе области.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, утринава одржа координативен состанок со тимот кој ја води истрагата, при што побара детална и ефикасна работа за да се расветли секој аспект од случајот.

Миле А. Ристески известува од Кочани.