МЗШВ

Исплатени 80.440.060 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

24.03.2025 14:08

Исплатени се 80.440.060 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година...

Се изврши исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопштија од Министерството.

Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство за:

подмерка 1.8 за овошни насади исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници;

подмерка 1.11 за лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник.

Исплатени се 47.843.200,00 денари за сточарско производство за:

подмерка 2.1 за обележани женски грла говеда исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници;

подмерка 2.8 за обележани грла овци исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници.