ЕУ исплати 52,4 милиони евра на земјава за реформи
Не условуваме за продолжување на преговорите со Европската унија, но изразуваме загриженост дали уставните измени ќе бидат последни барања, вели министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Соопшти дека земјава ги добила 50-те милиони евра од механизмот за поддршка за реформите...

Условите за продолжување на преговорите со ЕУ се утврдени со преговарачката рамка, но изразуваме загриженост дали ќе има нови по уставните промени, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Пристигнале првите 52,4 милиони евра од предвидените 750 милиони евра за поддршка на реформите за Северна Македонија, информираше Муртезани.
До Европската комисија е упатено прво барање за ослободување дополнителни средства од над 17 милиони евра за законски измени за финансиска контрола, за буџети, трговски друштва и пополнување на испразнетите места во судството и обвинителството.
Ирина Гелевска
