РКЕ

Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

24.03.2025 14:27

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ)...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во споредба со претходната пресметка.

ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по 68 денари. ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 0,5 денари, и ќе се продава по 75 денари по литар.

ЕУРОСУПЕР 98+ поскапува за 1 денар и ќе се продава по цена од 77,5 денари по литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува со иста цена – 68 денари. Килограм мазут од утре ќе се продава по цена од 40,7 денари, и поевтинува за 0,6 денари.