16 пациенти повредени во дискотеката во Кочани одат на домашно лекување
16 пациенти повредени во дискотеката во Кочани ќе заминат дома. Направените анализи потврдиле дека се во добра здравствена состојба. Неделава треба да се вратат и 8 пациенти од странство...

16 пациенти повредени во дискотеката во Кочани ќе заминат дома. Направените анализи потврдиле дека се во добра здравствена состојба. Неделава треба да се вратат и 8 пациенти од странство. За да не мора за секоја преврска и преглед да патуваат во Скопје, тим на лекари од Клиниката за пластична хирургија ќе одат во Кочани да се грижат за нив.
30 пациенти ќе останат во јавното здравство во Скопје, 8 пациенти во приватните болници. Сите се во стабилна состојба.
Четири пациенти во странство се критични.
Во над 25 болници се лекуваат повредените во дискотеката во Кочани.
Наташа Јанчиќ – Менковски
