Пропадна трансферот на Ди Марија во ПСЖ
Ништо од трансферот на Аргентинецот, Ди Марја во ПСЖ, и покрај позитивниот тек на разговорите околу комплетирањето на договрот на релација ПСЖ – Реал Мадрид.
За челниците на „светците“ не била прифатлива сумата што „кралскиот клуб“ ја побарал за Ди Марија, па претседателот на клубот Ал Келаифи, решил да ги прекине преговорите.

Според француските медиуми, проблеми настанале и поради цврстиот став на шпанскиот гигант, кој барал сите пари од трансферот да се платат веднаш, што не било прифатливо за францускиот шампион поради нарушување на финансискиот фер плеј, за што тие веќе добија казна од УЕФА.
Новиот развој на настаните им нуди шанса на другите зинтересирани за услугите на крилниот офанзивец. Особено на Манчестер Јунајтед, кој очајно го посакува Аргентинецот во своите редови.
Шанса сега добива и Монако кој сеуште не ги потрошил големите пари од трансферот на Хамес Родригез во Реал Мадрид.