Скопје

Убиство во Волково- кираџија го убил газдата, па се самоубил

24.03.2025 15:01

Кираџија го убил сопственикот на куќата во која живеел, го повредил неговиот малолетен син, па сам си пресудил. Крваво утро во скопско Волково...

Кираџија го убил газдата, па се самоубил. Во престрелката настрадал и синот на газдата на куќата каде што живееле. Крвавата трагедија ги потресе жителите во скопско Волково. Малолетникот пренесен в болница.

Што била причината кираџијата да посегне по животот на газдата, засега енигма. Од сведочењето на жителите, станува збор за мирни луѓе кои никогаш немале караници. Кираџијата бил таксист и во Волково живеел околу 2 години.

МВР излезе со првични сознанија.

По грозоморниот чин полицијата и обвинител со часови правеа увид. Подигнат доказен материјал. Телата на убиените ги зедоа, врз нив ќе се прави обдукција.

„Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од местото на настанот е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот“, информираат од Јавното обвинителство.

16-годишниот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Истрагата допрва треба да утврди кој е мотивот за овој грозоморен чин. Жителите на Волково велат, глетка која уште долго ќе ја паметат.

Борис Грујоски