Македонија

Вооружено лице застрела службеничка во Центарот за социјални работи во Прилеп

24.03.2025 16:05

Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот...

Вооружено лице застрелало службеничка во просториите на Центарот за социјални работи во Прилеп. Пренесена е во болница каде што и е извршен оперативен зафат. Според првичните информации таа е во стабилна состојба.

Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот и напаѓачот, кој неофицијално, подолго време ја демнел.