Вонредни инспекции во јавни и станбени објекти
Продолжува вонредната инспекциска контрола на јавните објекти во сите општини. Под лупа градинки, училишта и спортски сали...

Вонредни инспекции на јавни и станбени објекти во сите општини во Македонија. Први за проверка се училиштата, градинките, спортските објекти и сите останати каде што најмногу престојуваат млади лица, информира градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Инспекциите ги вршат општините во соработка со инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување. Недостигот пак, на одредени инспекциски служби во општините, се надополнува со меѓуопштинска соработка.
ЗЕЛС со препорака до сите македонски општини, сите јавни настани планирани за следниот период, да се откажат или поинаку да интерпретираат.
Марија Котовска
