МВР
Лишен од слобода скопјанец кој со возило удри двајца малолетници во Скопје
24.03.2025 18:42
Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител.

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.
Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка, соопштуваат од МВР.
