Ландин во Кил од сезоната 2015/2016
Германскиот ракометен гигант Кил е најблиску до услугите на данскиот голман Никлас Ландин, објавија денска повеќе медиуми во Германија.
Данецот бил во Кил деновиве и се погласни се шушкањата дека наскоро тој ќе го засили тимот на „зебрите“.
Трансферот нема да важи за оваа сезона, зашто договорот на Ландин со германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен истекува во јуни 2015-та, па одличниот голман сака да го испочитува тоа и да не замине предвреме.

Информациите што се појавија во германските средства за информирање, најавуваат дека данскиот репрезентативец ќе потпише тригодишен договор со Кил, кој ќе добие уште една ѕвезда во тимот на патот кон освојување на нова европска титула.