„Системот е следен“- протест во Скопје
Од Плоштадот „Македонија“ во организација на иницијативата „Кој е следен?“ протестниот марш продолжи кон Собранието и потоа кон Владата.

Револт и гнев за трагедијата од Кочани ги предизвика граѓаните на протест во Скопје, но и во неколку други градови низ Македонија. Во главниот град собирот почна во 19 часот.
Од Плоштадот „Македонија“ во организација на иницијативата „Кој е следен?“ протестниот марш продолжи кон Собранието и потоа кон Владата.
Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ изјави дека очекуваат транспарентност од истражните органи и поддршка од медиумите, како и одговорност од сите поврзани со кочанската и сите претходни трагедии.
На улица сме зашто треба да се слушне гласот на народот, секој револт на граѓаните е оправдан – нагласи Јаневска.
