Обвинителство
Проширениот тим од обвинители собира докази за пожарот во Кочани
25.03.2025 08:15
Тимот го сочинуваат 11 обвинители, кои работат на доказите и вештачењето. Се очекува да бидат сослушани околу 300 сведоци. Судот ги одби жалбите за притворите...

Јавното обвинителство продолжува со истрагата за пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица. Тимот го сочинуваат 11 обвинители, кои работат на доказите и вештачењето. Се очекува да бидат сослушани околу 300 сведоци. Судот ги одби жалбите за притворите.
Протестите се демократска алатка, вели премиерот Мицкоски, додавајќи дека ги поддржува сите кои одлучиле својот револт да го искажат на таков начин, но не и оние како што ги нарече политички глодари, кои преку трагедии се обидуваат да добијат политички поени.
