Блиски Исток

Регионот повторно разгорува, Израел со нови напади

25.03.2025 08:34

Палестинските власти обвинуваат дека меѓу загинатите има деца. Шефицата на европската дипломатија повика војната да заврши веднаш...

Израел нападна две воздушни бази во Сирија. Продолжија и со нападите во Газа откако побараа цивилите да се евакуираат. Палестинските власти обвинуваат дека меѓу загинатите има деца. Шефицата на европската дипломатија повика војната да заврши веднаш.

„Мојата порака е јасна – Хамас мора да ги ослободи сите заложници, а Израел мора целосно да ја врати хуманитарната помош за Газа и преговорите мора да продолжат“, изјави Каја Калас, висока претставничка за надворешна политика на ЕУ.

Тензично и на Западниот Брег. Тројца Палестинци се уапсени, меѓу нив и корежисерот на филмот награден со оскар-„Нема друга земја“. Сирени огласени и во Израел, Хутите истрелаа два проектила. САД повторно ги нападнаа во Јемен.