Самоуправувачки авотомобили наскоро на патиштата!

07.08.2014 13:58

Велика Британија сака да стане светски лидер во производството на вакви автоматизирани автомобили, но заостанува зад Америка, Јапонија и Шведска...

Автомобили без возачи наскоро ќе се движат на патиштата во Велика Британија. Од јануари идната година ќе почне производството на автомобили со вграден GPS и компјутери што автоматски го управуваат автомобилот, ги регулираат брзината на движењето и растојанието меѓу возилата и го паркираат возилото на одредените паркинг- места.

„Чекор по чекор ќе почнеме со производство на автомобили без возачи. На британските патишта наскоро ќе сообраќаат автомобили со технологија за автоматско паркирање, кочење и спроведување на безбедносните процедури, што целосно се контролира преку сателит. На овој начин ќе се намали сообраќајниот метеж“, смета Винс Кејбл, британски секретар за бизнис.

Велика Британија сака да стане светски лидер во производството на вакви автоматизирани автомобили, но заостанува зад Америка, Јапонија и Шведска каде што веќе успешно беа тестирани на овие возила.

 

Ирина Гелевска