свет

САД: Воени планови по грешка споделени со новинар

25.03.2025 08:40

Претседателот Трамп вели дека не знае ништо за тоа, додека Хесгсет ги негираше тврдењата, дискредитирајќи го уредникот...

Белата куќа по грешка споделила доверливи воени планови за напади на Хутите во Јемен кога во комуникација преку текстуални пораки било додадено името на главниот уредник на списанието „Атлантик“, Голдберг. Тој тврди дека Секретарот за одбрана Питер Хегсет го испратил планот за напад, два часа пред да биде извршен, а сè започнало на 11 март, кога советникот за национална безбедност Валц го додал во комуникацијата. Претседателот Трамп вели дека не знае ништо за тоа, додека Хесгсет ги негираше тврдењата, дискредитирајќи го уредникот.

„Не знам ништо за тоа. Не сум голем обожавател на Атлантик. Тоа е списание што згаснува“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

„Зборуваме за измамник и дискредитиран новинар кој се занимава со продавање измами. Никој не пишуваше пораки за воени планови и тоа е сè што имам да кажам за тоа“, изјави Питер Хегсет, секретар за одбрана на САД.