свет

Продолжени антивладините протести во Турција

25.03.2025 08:43

Ердоган се закани дека главната опозициска партија ќе одговара за повредените полицајци. Брисел бара почитување на човековите права...

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Имамоглу. Ердоган се закани дека главната опозициска партија ќе одговара за повредените полицајци. Брисел бара почитување на човековите права.

„Престанете да го нарушувате мирот на нашите граѓани со провокации. Ќе има политичка одговорност за овие постапки во парламентот и правна одговорност пред судот“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

„Сакаме Турција да остане прицврстена за Европа, но ова бара јасна посветеност на демократските норми и практики и клучно е да ги почитува тие основни принципи“, изјави Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија.

Според турските власти, правото на протест е прекршено, а тероризирањето на улиците нема да биде дозволено.