Нов Зеланд
Силен земјотрес го погоди јужниот остров на Нов Зеланд
25.03.2025 09:36
Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти...

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти.
Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес.
Повеќе од 4.700 луѓе го почувствувале земјотресот, соопшти владината сеизмолошка агенција, додека новозеландските медиуми објавија дека паѓаат предмети и се нишале згради.
Националното биро за метеорологија на Австралија соопшти дека нема закана од цунами за копното, островите или териториите.
