Вчера 667 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи како резултат на вчерашните (24.03.2025) активности на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли беа издадени вкупно 667 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).
Притоа, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број 253 мерки се однесуваат на непрописно паркирање. Потоа, 90 санкции се однесуваат на непочитување на брзината на движење, па следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, прекршоци за некористење на сигурносен појас 40 и за користење на мобилен телефон при возење 31 санкција.
Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, шестмина возачи управувале возило под дејство на алкохол, забележани се два прекршока заради неносење заштитна кацига, а санкционирани се и четири пешаци.
Покрај ова евидентирани се и 18 нерегистрирани возила како и 11 возила коишто биле технички неисправни согласно ЗВ.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
