Македонија

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје

25.03.2025 11:06

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска  со почеток од 20.45 часот поради одржување на меѓународен квалификациски фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.