Психолозите на терен во најпогодените општини
Триесет психолози во Кочани и десет во Штип им помагаат на учениците и студентите во справување со тагата после трагедијата во Кочани. Психолози од цела држава се во училиштата во Виница, Пробиштип и Облешево. Обучени се и училишните психолози и наставниците за помош на блиските на загинатите и повредените...

Околу 130 психолози од земјава се вклучија во помош и поддршка пред сè на средношколците и студентите во Кочани и Штип. Со учениците се работи во групи и индивидуално, каде се учи како тие да се справат со емоциите од загубата на своите блиски.
Ден после трагедијата во Кочани, во УГД е отворен Центар за психолошко советување каде помош може да добијат сите кои имаат потреба од психолог.
Психолозите на терен ќе бидат сè додека има потреба а работата ја координира МОН, Комората на психолози, Институтот за психологија, УНИЦЕФ и Црвениот крст.
Славица Величковска
