МВР

Приведено лице од кавадаречко поради управување возило под дејство на алкохол

25.03.2025 20:00

Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта...

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот.

Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик.