Приведено лице од липковско, возел со брзина од 108 километри на час во населено место
Вчера во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково...

Вчера во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково, соопшти МВР.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението.
