Мустафи е задоволен од доаѓањето во Шпанија
22-годишниот германски репрезентативец замина од Сампдорија за осум милиони евра...

Шкодран Мустафи ги окарактеризира преминот во Валенсија како напредок во кариерата. 22-годишниот германски репрезентативец замина од Сампдорија за осум милиони евра.
„Валенсија е голем клуб, а мене ми беше важно да направам голем трансфер. Се надевам дека клубот ќе продолжи да се развива и дека во наредните сезони ќе освои многу пехари“, коментираше Мустафи, кој сака да го повтори осврарувањето на Роберто Ајала, сегашен клупски директор, а поранешен аргентински репрезентативец и легенда во Валенсија. „Се надевам дека ќе бидам успешен како него“, се понадева Мустафи.
Претседателот на клубот, Амадео Сенси, пак, беше презадоволен што дресот на Валенсија ќе го носи играч што е светски првак. „Целта ни е да привлечеме уште фудбалери од највисока класа“, соопши Сенси.
