Прво проверки, потоа лиценца
Прво проверки, после дозвола за работа. Се затегнуваат условите за угостителските објекти. Одземени речиси 500 лиценци за градење и урбанистичко планирање…

За да можат сопствениците на угостителските објекти во иднина да добијат лиценца од Министерството за економија, потребно е претходно пазарниот инспекторат да направи надзор и контрола дали се испочитувани сите правила и стандарди. Ќе се менува Законот за угостителска дејност, ќе се зголеми и износот на казните.
Пред да почнат да работат, угостителските објекти задожително треба да поднесат пријава до градоначалникот на општината, Инспекторатот, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за храна и ветеринарство и другите надлежни институции.
Засилени контроли и во градежниот сектор. Од 3.100 лиценци, кај 479 се констатирани неправилности, па донесена е одлука за нивно одземање. Министерот Николоски најави задолжителни контроли на секои шест месеци, а не како досега, тие да се прават на доброволна основа.
Контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а не во квалитетот на изведување, бидејќи за тоа постојат соодветни надзори.
Александра Велинова
