Влада

Постапката за Коцевски на пауза поради трагедијата

25.03.2025 14:22

Ќе го исправиме она што повеќе од три децении беше погрешно. Шремиерот Мицкоски го образложи мораториумот, за чиешто време треба да се отстранат неправилностите. На списокот има и државни објекти. Додека трае истрагата нема да се разрешува републичкиот обвинител Коцевски, иако постапката е веќе отпочната....

Државниот обвинител Коцевски засега куртули од разрешување. Владата, додека трае истрагата за трагедијата во Кочани нема да бара Собранието да го смени, бидејќи е задоволна од неговата работа и соработката со МВР. Премиерот Мицкоски смета дека треба да им се остави простор на обвинителите да спроведат брза, ефикасна и неселективна истрага.

Досега се обезбедени 34-ца осомничени, но од Владата очекуваат истражителите да ги детектираат и претходните аномалии на системот.

Во меѓувреме ќе има мораториум за сите објекти чиишто лиценци се одземени или се утврдени неправилности. Кафулиња, дискотеки, клубови, но и старски домови, претшколски и школски установи ќе мора да ги адаптираат капацитетите ако сакаат да продолжат со работа.

Рок за прилагодување на објектите нема, но колку побрзо ги оспособат толку побрзо и ќе ги вратат во промет.

 

Анита Димитријевска - Велковска