Партии

Партиски реакции за трагедијата во Кочани

25.03.2025 15:00

По трагедијата, и партиите не мируваат. Реакции за она што се случи, но и за текот на истрагата. За опозицијата, истрагата за трагедијата во Кочани е селективна, за власта, ова е момент за ресетирање на системот...

Истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно и е насочена само кон поранешни функционери, обвини СДСМ. Партијата бара да се лоцира одговорност кај сите функционери, и актуелни и поранешни кои имаат поврзаност со случајот. 

Социјалдемократите посочуваат дека засега, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат се опфатени со истрагата, и прашуваат зошто не е опфатен и актуелниот директор, Влатко Стојкоски.

Ова е историски момент за ресетирање на системот, а не за дневна политика, за првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

За ДУИ, се води политички прогон, а не истрага. Интегративците бараат политичка одговорност од премиерот и министрите во Владата.

 

Игор Панов