Фатен киднаперот на Тијана, девојчето пронадено мртво
Телото на неодамна киднапираната 15-годишна Тијана Јуриќ од Суботица е пронајдено вчера вечер закопано во близина на Сомбор, на околу 60-тина километри од местото кадешто за последен пат била видена.
Медиумите јавуваат дека самиот убиец ја одвел полицијата до местото каде што го закопал несреќното девојче. Киднаперот е лоциран и уапсен во текот на оспежната полициска акција и се наоѓа во притвор.

Според полицијата, монструмот ја киднапирал девојката во местото Бајмок и непосредно потоа ја убил. На случајот беа ангажирани над сто припадници на српското МВР од Суботица, Белград и од други места.